ВИДЕО: Газда Нини не ги знае ниту Груевски, ниту Заев

Од:

Српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини, во процесот за клевета и навреда што го поведе премиерот Никола Груевски против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, иако предложен за сведок од Заев, сведочеше во корист на Груевски. Изјави дека акциите од Македонска банка ги купил на берза, а не како што тврдеше лидерот на СДСМ, по објавената аудио снимка дека Груевски преку посредник договара продажба на „Македонска банка“ на газда Нини.

Газда Нини во судот сведочеше дека никому не дал поткуп и никогаш не се слушнал ниту со Зоран Заев ниту со Никола Груевски.

Тој даде изјава дека не го познава Никола Груевски, Зоран Заев, а ниту Ден Дoнчев.

-Добив покана за суд и бев непријатно изненаден кога прочитав зошто сум повикан. Не го познaвам ниту тужителот, ниту тужениот, со никој од нив двајца се немам видено ниту слушнато. На никој немам дадено поткуп и со никоја немам разговарано на оваа тема.

Тој кажа дека акциите се купени од „Јака Радовиш“ на берза, и дека само го потпишал решението за купување акции во „Македонска банка“ преку брокерска куќа. Откако ги купиле акциите, парите ги префрлиле на брокерската куќа.

Одбраната на Заев уште пред почетокот на рочиштето побара Стефановиќ да се повлече како сведок, меѓутоа Никола Додовски адвокатот на Груевски, инсистираше да остане дел од судската постапка.

-Без Ден Дончев кој е одбиен како сведок и без аудио снимката Јовица Стефановиќ е ирелевантен во постапката со оглед дека клучните докази биле одбиени и не се земени во предвид. Одбивање на предлогот за сведочење на Ден Дончев остава празнина и судот ќе знае што да го праша Јовица Стефановиќ, рече Мирослав Вуиќ, адвокат на Зоран Заев.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација