Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците

Од:

Собранието има надзорна функција врз Владата, пратеничките прашања се токму алатка за постигнување на тој ефект, и затоа мислам дека особено Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши, по вчерашната дебата меѓу министерката Гордана Кочоска Димитриеска и пратеничката Славјанка Петровска.

Гаши рече дека кога се случуваат пратенички прашања треба да знаат министрите и Владата дека доаѓаат да одговараат на пратенички прашања и треба да се почитува Уставот во однос на тоа какви ингеренции има секоја институција.

Гаши потсети дека повикувал на подигнување на политичката култура, однесување и почитување на Етичкиот кодекс помеѓу пратениците.

-Ние сите пратеници, сите до еден мора да се грижиме за достоинството на Собранието, а тоа се прави првенствено преку почитување едни према други. Можеме да ги искажуваме нашите политички ставови без да навредиме никого. Повикувам како што сум повикувал секогаш и ќе продолжам да ги повикувам сите пратеници да се држат до почитување на Етичкиот кодекс. Веќе разговараме за донесување на нов етички кодекс кој сакаме да го одобриме и сите да се договориме на консензуален начин да го почитуваме и мислам дека понатаму ќе работиме сите во надградба и зголемување на политичката култура, рече Гаши.

Ваквите настани како вчерашниот, како што кажа, не се добри за Собранието и не зборуваат добро за нив, но доколку се пристапи кон меѓусебно почитување, почитување на Етичкиот кодекс, ваквите прилики и инциденти нема да се повторат.

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ