Гаши: Папата Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓу религиозниот дијалог

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во сочувството по повод смртта на папата Франциск посочува дека смртта на папата е длабока загуба за целото човештво.

– Како духовен лидер на нашето време, тој ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог, станувајќи симбол на посветеноста кон заедничкото добро. Со својата едноставност, со безусловната љубов кон човекот и природата, Папа Франциск допре до срцата на милиони луѓе низ целиот свет, надминувајќи верски, национални или идеолошки граници, истакнува Гаши.

Додава дека неговото наследство ќе остане водич за идните генерации за изградба на посправеден, помирен и поединствен свет.

– Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, изразувам најискрени сочувства за оваа незаменлива загуба за католичкиот свет и за целото човештво. Нека биде вечен споменот за него!, се вели во сочувството на Гаши за Папа Франциско.

Би можело да ве интересира

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан

Горан Наумовски

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Гаши утре во Софија на билатерална средба со претседателката на бугарскиот Парламент Доцова: Нашите ставови за уставните измени се познати

Папата Лав XIV: Човечкото достоинство нема пасош

А1он

Папата Лав XIV доби дрес на Реал Мадрид со неговото име и број еден

А1он

Гаши: Законот за правична застапеност не смее да биде жртва на политички пресметки