Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со папата Лав XIV, изјави дека ја поддржува иницијативата на Ватикан за помош при доставување на залихи за цивилите во градот Олешки, соопштија од Кремљ.
„Беше изразена поддршка за намерата на Ватикан да помогне во создавањето услови неопходни за осигурување на безбедноста на населението во градот и за организирање на испораката на неопходни добра. Постигнат е договор за соработка по ова прашање“, се наведува во соопштението.
Од Ватикан соопштија дека за време на разговорот, Папата побара од рускиот претседател прекин на огнот во Украина, со цел да се овозможи влез на помош и храна во градот Олешки, кој е под контрола на руските сили.
Како што се наведува, Папата изрази длабока загриженост за хуманитарната ситуација во тој град и ја потврдил посветеноста на Ватикан кон сите иницијативи за мир, пренесува Ројтерс.
Папата Лав и Путин претходно разговараа во јуни 2025 година.
