Папата Лав XIV денеска ја упати својата прва порака по операцијата на белите дробови и им се заблагодари на католичките верници за нивните молитви.
„Како што знаете, бев спречен да бидам меѓу вас во овие денови. Искрено ви благодарам за вашите молитви и за заедничката работа. Вашето споделување искуства и внимателното слушање се навистина дар за целата Црква. Ве молам да се молите за мене, како што јас се молам за вас“, им рече Папата на верниците, според соопштението на Си-Ен-Ен од Ватикан.
На папата Лав XIV му беше дијагностициран аденокарцином на белите дробови – чест облик на рак на белите дробови – по вчерашната операција во римската болница „Џемели“.
