Папата Лав XIV: Човечкото достоинство нема пасош

Од:

Папата Лав XIV упати силен апел до светските лидери да усвојат похуман пристап кон мигрантите, предупредувајќи дека историјата ќе ги осуди оние кои молчат пред страдањето на луѓето што бегаат од војна, сиромаштија и прогон.

За време на посетата на Канарските Острови во Шпанија, еден од најважните миграциски патишта кон Европа, поглаварот на Римокатоличката црква рече дека „човечкото достоинство нема пасош и не ја губи својата вредност со преминување на границата“.

Зборувајќи во пристаништето Аргинаж на островот Гран Канарија, место кое хуманитарните организации го нарекоа „Пристаниште на срамот“ поради тешките услови во кои престојуваа мигрантите за време на пандемијата на коронавирусот, папата ги повика политичарите да покажат поголема солидарност и одговорност, објавува „Индипендент“.

Тој нагласи дека светот не смее да се навикнува на дневни извештаи за жртви на море, потсетувајќи дека Средоземното Море стана една од најсмртоносните мигрантски рути во светот во последните години.

Обраќајќи се пред толпата кај споменикот посветен на мигрантите кои ги загубија своите животи обидувајќи се да стигнат до Европа, папата предупреди дека еден ден ќе се знае дали државите ги заштитиле човечките животи или подлегнале на рамнодушноста.

Неговата посета на Канарските Острови е дел од седумдневната турнеја низ Шпанија, за време на која тој продолжи да инсистира на заштита на правата на мигрантите и бегалците.

Во последните месеци, папата Лав XIV зазема сè поостар став кон миграциските политики на одредени земји, а неодамна предизвика контроверзии во Соединетите Американски Држави со своите критики за рестриктивните мерки против мигрантите.

Неговите пораки доаѓаат во време кога Европа повторно води интензивни дискусии за миграцијата, безбедноста на границите и хуманитарните обврски кон луѓето што бараат засолниште.

Би можело да ве интересира

Папата Лав XIV доби дрес на Реал Мадрид со неговото име и број еден

А1он

Трамп го нападна папата: Да се собере и да користи здрав разум, а не да биде политичар

А1он

Папата Лав XIV во Монако: Даночниот рај на милијардерите треба да им помогне на сиромашните

А1он

Папата го критикуваше Трамп: „Војната не е видео игра, медиумите не смеат да шират пропаганда“

А1он

Папата: Нека нуклеарната закана никогаш повеќе не ја диктира иднината на човештвото

А1он

Кралот Чарлс ќе биде прв британски монарх по повеќе од 500 години што ќе се моли со папата во Ватикан

А1он