Папата Лав XIV доби дрес на Реал Мадрид со неговото име и број еден

Од:

Папата Лав XIV доби како подарок персонализиран дрес на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид со неговото име и бројот еден, кој му беше врачен на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ од претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Перез му подари на папата дрес со неговото име Роберт Ф. Превост и минијатурна реплика на стадионот, додека папата му подари на претседателот на мадридскиот клуб комеморативен медал.

Средбата се одржа како дел од собирот организиран од Мадридската надбискупија и епархиите Алкала де Хенарес и Хетафе, а според организаторите, на неа присуствуваа околу 70.000 верници.

За време на летот за Шпанија, поглаварот на Римокатоличката црква им призна на новинарите во авионот дека омилен клуб на Роберто Превост е Реал Мадрид, истакнувајќи дека како папа „ги поддржува сите тимови“.

Тој исто така изјави дека на претстојното Светско првенство ќе ги поддржи Соединетите Американски Држави.

Би можело да ве интересира

Флик: Сакам да го освојам секој трофеј – разочарани сме!

А1он

Барса 862 минути со играч повеќе, а Реал 91 минута со играч помалку во Ла Лига

А1он

Разговараше Путин со папата – Ватикан бара прекин на огнот во Украина

А1он

Папата Лав XIV по операцијата: Ве молам да се молите за мене!

А1он

Суспензија од четири натпревари за Винисиус – го пропушта и „Ел Класико“

А1он

Ватикан: Папата Лав успешно опериран, отстранет му е израсток од белодробното крило