Гаши e хоспитализиран на дигестивна хирургија, има преплет на цревата

Од:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вчера бил хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Тој е примен во болница со преплет на цревата.

Од Кабинетот на Гаши велат дека неговата здравствена состојба е стабилна. Тие додаваат дека во моментот претседателот поминува низ детални здравствени прегледи.

„Во врска со информациите објавени во медиумите за здравствената состојба на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека тој вчера беше хоспитализиран на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Здравствената состојба на Гаши е стабилна и во тек се детални медицински прегледи. Сите понатамошни информации ќе бидат навремено соопштени на јавноста од надлежните институции“, информираат од Кабинетот на Гаши.

Би можело да ве интересира

Ставот на Гаши за пресудата за лидерите на ОВК бил личен, вели има право на тоа

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

А1он

Предвремени избори нема да има, тврди Гаши

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката