Ганиу со апел за терасите без дозвола во Старата Скопска Чаршија: Никој нема да биде над законот

Од:

„Во рамките на акцијата која Општина Чаир ја покрена за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата Скопска Чаршија, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу јавно им се заблагодари на сите бизнисмени кои го испочитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола. Спрема нив нема да биде изречени предвидените законски казни.“, информира Општина Чаир.

„Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и Градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот. Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни.“, се објаснува во соопштението на општината.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Ѓорѓиевски: Чаир ќе добие нов лик, ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе инвестираме во јавната хигиена

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена