Ганиу: Чаир не е шаховска фигура во политичките игри на ДУИ

Од:

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати сериозно предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии.

„Ние сме во 21 век, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот“, истакна тој.

Ганиу ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ и итно да го ангажира ЈП „Комунална хигиена“. Тој ги критикуваше и политичките партнери од Сарај за водење на политичка кампања на грбот на граѓаните.

Во своето обраќање ги спомена и неисполнетите ветувања од страна на Градот, вклучително и паркот, булеварите, бесплатниот јавен превоз и инвестициите во Старата скопска чаршија.

„Чаир нема долгови кон Градот. Имаме подготвен план за чистење и дезинфекција – доволно е Градот да не блокира“, заклучи Ганиу, потенцирајќи дека Општината останува отворена за институционална соработка и конкретни активности.

Би можело да ве интересира

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он

Ѓорѓиевски: Чаир ќе добие нов лик, ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе инвестираме во јавната хигиена

Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир