Галовеј: Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија

Од:

Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, изјави денеска британската амбасадорка Рејчел Галовеј, при посетата на Општина Македонска Каменица. Таа изрази надеж дека европските земји ќе донесат позитивна одлука по ова прашање, врз основа на сето она што државата го направи за старт на преговорите.

-Јасно е веќе со години дека Северна Македонија ги исполнува критериумите за да се отворат преговорите со ЕУ. Ние ја поддржуваме Северна Македонија за отворање на преговорите и се надеваме дека Европските земји ќе ја донесат таа одлука врз основа на критериумите, а не врз основа на некои други политички фактори, рече Галовеј.

Таа додаде дека Велика Британија ќе продолжи да биде еден од најголемите инвеститори во државата, одговарајќи на новинарско прашање дали има некои промени по излегувањето на нејзината земја од ЕУ во однос на соработката со Република Северна Македонија.

-На крајот на минатата година се потпиша договор за трговска размена помеѓу двете земји, каде што понатаму само ќе се подобруваат и ќе се зајакнуваат трговските врски помеѓу двете држави. Ние сме едни од најголемите инвеститори во Северна Македонија така да во периодот кој следи само можат да се зајакнат тие врски помеѓу двете држави, нагласи Галовеј.

Покрај средбата со градоначалничката Соња Стаменкова, Галовеј најави дека ќе се сретне со претставници на Рудник Саса, а ќе има и свое обраќање на церемонија организирана од Женскиот фудбалски клуб Саса.

Би можело да ве интересира

Заев: Ние ги исполнивме условите, Брисел нека се јави кога ќе одлучи да го продолжиме процесот

Жарко Настоски

Пријателите на С. Македонија и Бугарија во Конгресот на САД ќе ја предводат групата за ЕУ

Ана Ололовска

Средби на вицепремиерот Димитров со министрите од ЕУ – силна поддршка за европското досие на С. Македонија

Ана Ололовска

Како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме, побара Димитров од европските министри

Жарко Настоски

Димитров: Проблематизирањето на македонскиот јазик не е во согласност со вредностите за кои се залага Европа

Ана Ололовска

Европа мора да го бара својот нов лик, вели Ќучук, известувачот на ЕП за Западен Балкан

Жарко Настоски