Г.Г. Стефан: Нишкиот договор меѓу МПЦ и СПЦ не важи

Од:

Поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ) , г.г. Стефан изјави дека нацрт договорот од Ниш меѓу Српската православна црква (СПЦ) и МПЦ е завршен и не важи.

„Потребно е и двете страни да имаат расположение за решавање на спорот меѓу СПЦ и МПЦ, но засега и покрај низата децениски  средби и разговорите договарањето за решавање на спорот се уште е на својот почеток. Мораме да стартуваме со нешто друго, што би значело прифатливо од двете страни за разлика од тој веќе спомнат текст од Ниш“, рече г.г. Стефан по осветувањето на нова црква „Свети Климент Охридски“ во Штип.

„По најавите на претседателот на Србија, вие знаете дека веќе имаше изјави од архиереј на МПЦ и од Синодот, имаше и изјави од архиереј на Српската православна црква и од самиот патријарх на неговата светост господин Иринеј и веројатно и двете страни ќе направат она што е потребно да го направат и веројатно ова ќе го имаат како поука наместо духовниците да ги поучуваат државниците за црковните работи се случи обратното, за што им благодарам“, вели г.г. Стефан.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје