Фуере: Груевски од Македонија направи кошмар

Од:

Поренешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, за “Балкан инсајд“ пишува дека во Македонија се прислушувале 20 000 граѓани, вклучувајќи и министри, судии, бизнисмени, новинари, па дури и странски дипломати.

Фуере пишува дека фактот што владата се чини дека ги шпиунирала сопствените министри доволно говори за природата на режимот.

Од опозицијата беа презентирани разговори на личности кои лесно може да се идентификуваат, за да се обезбедат живи примери за корупција во секој сектор и на секое ниво на власт во државата.

„Премиерот, Никола Груевски, се обиде вината за прислушување да ја префрли на странски разузнавачки служби – што тој одби да ги идентификува – и го обвини лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за заговор за државен удар. Заев е обвинет за шпионажа и одземен е неговиот пасош.

Фуере потенцира дека ова не е прв пат владата да се повика на шпионажа како удобен изговор за да ги затвори оние што ги смета за непожелни.

„Се поставува прашањето зошто премиерот е опседнат со странски разузнавачки служби, како шпиони да демнат од секој агол на улиците во Македонија, кога се’ што може да понуди, и очигледно е сомнително, со стратешка вредност се преголемите статуи на Александар Велики.

Не е потребно многу имагинација за да се заклучи дека премиерот заедно со началникот на државната безбедност, Сашо Мијалков, се најверојатни организатори на оваа огромна вежба на прислушување.

Една мрачна фигура, која е и братучед на премиерот, Мијалков, е секогаш во сенката на премиерот и работи надвор од било каква судска контрола и парламентарен надзор. Тој е како алтер-его на премиерот и моќта на владејачката Внатрешната револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство, ВМРО-ДПМНЕ, која ја води Груевски.

Ова е влада која, во текот на девет години колку што е на власт, ја зајакна својата репресивна контрола врз земјата. Нејзините етно-националистички и популистички начини на водењето на политиката и враќањето назад во ерата на Слободан Милошевиќ, резултираше со повторното појавување на длабоки тензии во земјата, која веќе беше сведок на крвавиот етнички конфликт во 2001 година.“ пишува Фуере.

Фуере оценува дека по Охридскиот рамковен договор од 2001 година, па се’ до 2005, од страна на меѓународната заедница, Македонија беше оценувана како успешна приказна заради што во 2005 година доби и кандидатски статус за влез во ЕУ. Но, сето тоа се променило во 2006 година, по доаѓањето на власт на партијата ВМРО ДПМНЕ, па оттогаш земјата паѓа од една во друга криза со со периодични избувнувања на меѓуетничко насилство и зголемена поларизација на општеството.

Премиерот не успеа да ја реши парламентарната криза која започна 2012 со насилното исфрлање на пратениците и на новинарите од парламентот, тој не успеа да воспостави политички дијалог. Напротив, тој водеше безмилосна кампања против сите оние кои отворено го критикуваат, со многумина што завршија во затвор, често со фабрикувани обвиненија, како што е откриено од прислушуваните разговори.

„Овој најнов скандал ја покажува длабоко вкоренетата корумпирана и зла природа на режимот. Без оглед на тоа кој стои зад прислушувањето, транскриптите содржат доволно докази за тоа дека владејачката партија намерно го игнорира институционалниот процес и поделбата на власта, работи со сопствени правила и ги нарушува основните стандарди на демократијата, па дури и на пристојност.
На груб, па дури и профан јазикот кој се користи од страна на партиски функционери во некои од откриените снимени разговори, и’ прилега на една Банана Република.

Влада која спроведува операција на шпионирање на сопствениот народ, па дури и на членовите на својата партија, во еден ваков индустриски обем, го изгуби целиот кредибилитет и каков било легитимитет да остане на власт.
Дека само еден човек и неговата партија од успешна приказна, Македонија ја претвори во кошмар, докажува и фрагилноста на Македонија како функционална држава.

Крајно време е меѓународната заедница, особено во ЕУ, да обрнат повеќе внимание на она што се случува. Соочени со ваков режим, не е доволно само да се повикуваат институциите да функционираат како што се очекува од нив.
ЕУ треба да понуди поддршка на оние граѓани кои се доволно храбри да продолжат со борбата за достоинство и основните човекови права, и покрај големото малтретирање, заплашување, па дури и затворање. Тие се единствената надеж за зачувување на душата на Македонија од понатамошна ерозија од дискредитираниот режим, кој, своите тесно партиски интереси ги стави пред интересите на државата и нејзините граѓани.“, напиша Ерван Фуере.

Би можело да ве интересира

Фуере: ЕУ не треба да ги потценува заканите од Бугарија кон С. Македонија

Ана Ололовска

Фуере: Во Македонија се чувстува слобода и отвореност

Наум Локоски

Фуере се приклучи на протестот на „Шарената Револуција“

Емир Латифовиќ

Фуере: Македонија се буди!

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

twelve − seven =