„Форумот на слободоумни патриоти сака да му укаже на Претседателот Иванов дека вчерашното негово обраќање е задоцнето и е бледа копија на сите наши досегашни повици да во Република Македонија се организира попис на население и домаќинства. Според нас ваквиот негов настап не е искрен и чесен, него е мотивиран од ниски политички побуди!
За крај сакаме да му укажеме на Иванов дека вчерашното негово обраќање беше уште едно во редот не негови неуспешни обиди да се претстави како државник и како Претседател на Република Македонија тој треба да биде во служба на сите граѓани, а не во одбрана на владеачката врхушка и нејзините криминали и глупости“, се вели во соопштението на ФСП.