А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Анахрониот Дачиќ, нека се сврти кон иднината

by А1он12/07/2017 - 08:36172
Share0

„Дачиќ нема што да се кае, затоа што секој потег на Србија кон Македонија, макар тоа бил и пред 20 години бил длабоко осмислен да произведе корист за Србија. Бедно е што после толку години, потрошени политичари од типот на Дачиќ, нема што друго да понудат во регионот, туку преку преживување, очајно се обидуваат да се рециклираат во лажни регионални лидери.

Следете a1on на Instagram Instagram

Не дека овој став првпат го искажува. Ама сега особено боли, сега кога позитивно се придвижуваат состојбите. Кога Европа прави значителни напори да го интегрира Западниот Балкан. Сега кога Македонија иницира градење добра меѓусоседска политика за надминување на споровите и историските дубиози. Токму сега треба да дојдат до израз братските, децениски релации меѓу македонскиот и српскиот народ. Само анахрониот Дачиќ безобзирно вози рикверц. Ако го прашате зошто, веднаш нихилистички ќе се оправда дека политиката е гол интерес. Навистина не му е гајле што Македонија и Македонците ги сведе на Скопје.

Наша обврска е да подвлечеме дека партиските комсомолци налик на Дачиќ, пи-арподдржувачи на авторитарни губитници, кои беа дел од крвавиот распад на СФРЈ, се најмалку компетентни да даваат историски оцени. Македонија е најмалку инволвирана во пресметките кои произлегоа со распаѓањето на СФРЈ, и никој не може да и забележи за непринципиелен став за нечии пропусти.

Воедно, сакаме да му порачаме не само на Дачиќ туку и на неговите инсталации во Македонија дека дека упадот во Собранието на 27 април не е заборавен и дека нема да се заборави. Ке постои одговорност и вистината ке излезе на виделина. Се е прашање на време. Во Македонија доволно нарасна критична маса за да ја одбрани својата независност и достоинство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со вакви политичари Србија нема капацитет да ја повтори успешната лидерска политика на Тито во геостратешкото балансирање меѓу истокот и западот. Напротив, речиси секој позначаен потег и е контроверзен. Едни работи и релации почнува да ги гради, но, на штета на други кои ги растура. Кој ќе и верува. Изгледа само тие што мораат, поради дипломатска куртоазија. Историјата почна да се повторува, ама повеќе во фарсична смисла.

Конечно, доколку Дачиќ сака да направи знешто повќе за регионот, нека тркне до Државниот архив на Србија и нека ги отвори шемите, мрежите и личностите кои не му даваат шанса на регионот да се интегрира и во Европа, и во НАТО. Конечно само со овој потег ќе направи нешто вистинско во својата кариера.

ФРОДЕМ очекува во блиска иднина српската премиерка јавно да се се извини на македонскиот народ за овој излив на неразумност и неодговорност на министерот комсомолец Дачиќ“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

frodemimetosrbija

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

Предраг Петровиќ17/09/2026 - 15:54

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он12/09/2026 - 21:47

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он12/09/2026 - 18:48

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on09/09/2026 - 21:4809/09/2026 - 21:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео