Францускиот предлог стигна до Владата

Од:

До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови информираат од прес службата на Владата.

– Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани. Сакаме да упатиме благодарност до Претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот се вели во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Македонец фатен со 68 килограми кокаин во Франција

А1он

Европската унија уште е многу зависна од руските енергенси

Катерина Ѓуровски

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Три безживотни тела пронајдени во куќа во Франција, меѓу жртвите и двегодишно дете