Фрчкоски: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?

Од:

Сериозноста на трагедијата во Кочани која ја погоди цела Македонија и во која загубивме 59 млади животи гласно повикува на непристрасна истрага за лоцирање на одговорноста од сите, без исклучок. Од првиот ден СДСМ дава силна поддршка на независна, темелна и неселективна истрага која ќе лоцира одговорност за сите поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари, изјави Јон Фрчкоски – директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.

– Државата, институциите, мора да покажат капацитет да ја спроведат правдата до крај. Тоа им го должиме на семејствата на жртвите, на граѓаните и на идните генерации. Ваков ужас, вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат. Од она што досега се случува со текот на истрагата и за што имаме информации изразуваме длабока загриженост дека истрагата се води селективно и дека е насочена само кон поранешни функционери и службеници.

Досега, може да заклучиме дека целосно се игнорираат тие кои биле на функции токму во времето кога се случила трагедијата во Кочани. Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата?

Иако носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан. Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови. Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил? Ова се легитимни прашања на кои истрагата треба да даде одговор. Јавноста има право да знае зошто, ако се гони поранешни директори на ДПИ, актуелниот директор е се уште амнестиран, иако ја носи директната надлежност во критичниот период. Селективната правда не е никаква правда. Доколку се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните во правосудниот систем ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко. СДСМ бара целосна, независна и неселективна истрага. Правдата мора да биде задоволена и да биде еднаква за сите, вели Фрчкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Нов скандал на Тошковски – тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

А1он

СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

Филипче: Позади кредитот од шест милијарди евра се крие антологиски грабеж

Предраг Петровиќ

Филипче: Од луѓето слушнав дека тешко се живее, цените растат секој месец, сметките стануваат неподносливи

Филипче: Дали се однапред договорени фирмите блиски до власта кои ќе работат на проектите од заемот?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива