Фрчкоска: Изјавата на Рускоска е еден вид на притисок врз судиите

Од:

Изјавата на обвинителката Вилма Рускоска дека ќе ги гони судиите од Апелацискиот суд кои вчера и одредија куќен притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, според адвокатката Ирена Фрчкоска е непримерна, недозволена и еден вид на притисок врз судиите.

– Останавме зачудени од ваквата реакција и сметаме дека е непримерна, недозволена и еден вид на притисок врз судиите, особено што испраќа лоша порака кон сите судии дека отворањето на финансиска истрага имплицира некаква можна корумпираност, што сметам дека е апсолутно недозволиво и ги оневозможува судиите објективно и непристрастно да ги носат своите одлуки. Од друга страна исто зачудува изјавата и од аспект дека, тоа исто, обвинителство даде согласност Горан Милевски да биде пуштен во куќен притвор под нејасни околоности, изјави Ирена Фрчкоска, еден од бранителите на Јанева.

Посочи дека одлука за определување куќен притвор е апсолутно законска и се базира на факти.

– Гаранцијата не е прифатена, прифатен е предлогот за определување на куќен притвор, а изречени се и мерки забрана за комуникација со лица опфатени во кривично правниот настан, како и употреба на средства за комуникации. Како одбрана сметаме дека оваа одлука е апсолутно законска и се базира на факти, особено што притворот на Јанева траеше предолго, до вчера цели 92 дена, рече Фрчкоска.

Би можело да ве интересира

Русковска: Случајот со убиствата на Вања и Панче не смее да добие политичка конотација

(ВИДЕО) Русковска: Тие што ми вршеа притисок се истите што ми нудеа повисока позиција за да прекинам истрага

Александар Тодески

Русковска: Бев дел од групата за измените на Кривичниот законик, но нашиот предлог е сосема поинаков

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

(ВИДЕО) Тупанчески за „војната“ Русковска-Муареми: Таму се случува нешто што не треба

Кристијан Ландов