Француски орден за Мирјана Алексоска-Чкратоска и Ана Димишковска

Од:

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, денеска ќе ги одликува Мирјана Алексоска-Чкатроска и Ана Димишковска со орден Витез од Редот на академските палми, на прием во резиденцијата на Франција.

Ова одликување, воспоставено во 1808 година, се доделува за исклучителни заслуги во областа на образованието, соопшти француската амбасада.

Г-ѓа Алексоска-Чкатроска е универзитетски професор, доктор на науки, овластен преведувач и толкувач по француски јазик. Таа 18 години живеела во Франција и е роден двојазичен говорител, член на Здружението на професори по француски јазик и член на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија. Магистрирала на Универзитетот “Париз III Нова Сорбона на тема “Француската заемка во македонскиот јазик”, а докторирала на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје на тема “Заемките од романско потекло во македонскиот јазик”. Посветено работела на имплементирањето на Болоњскиот процес на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје. Како талентиран толкувач и преведувач, добива покани за професионален ангажман на голем број европски конференции и конгреси. Г-ѓа Алексоска-Чкатроска има значаен придонес за негувањето на францускиот јазик и култура во Македонија.

Г-ѓа Димишковска е професор на Институтот за филозофија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и таа совршено го владее францускиот јазик. Докторира на тема “Логичките аспекти на правното расудување”. Како пасиониран проучувач на француските филозофи, таа учествува во неколку истражувачки проекти со престижни универзитети, вклучувајќи го и Универзитетот “Париз 1 – Пантеон Сорбона”, во Париз. Таа исто така учествува како надворешен истражувач во проектот – Теорија на правото и логиката (француско-германски проект од областа на хуманитарните и општествените науки). Член е и на Франкофонската организација за европско образование и истражување во областа на хуманитарните науки (OFFRES). Г-ѓа Димишковска заслужи признание за својата безрезервна поддршка на Франкофонијата.

Би можело да ве интересира

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

МНР го раскина договорот со фирмата од Зајас за која имаше сомнеж дека е донатор на ДУИ

Орце Костов

(ВИДЕО) Американската амбасада во Багдад е погодена од проектили

Горан Наумовски

Тепачка во амбасадата на БиХ во Аман: Се истепале дипломатите Битанга и Шкипина

Горан Наумовски

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Лавров: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално