А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Француска поддршка за имплементација на Договорот од Преспа на Самитот во Лондон

by А1он10/07/2018 - 18:31211
Share0

Франција дава целосна поддршка на имплементација на неодамнешниот договор меѓу Грција и Република Македонија во врска со името, е ставот кој ќе го пренесе шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан на Самитот од Берлинскиот процес посветен на Западен Балкан, кој се одржува во Лондон.

Добивај вести на вибер

Како што се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес Фон Дер Мил, добиена од Француската амбасада во Скопје, на Самитот на кој присуствуваат осум земји од Европската Унија (Германија, Австрија, Хрватска, Франција, Италија, Полска, Велика Британија) и шесте земји од Западен Балкан, министерот Ле Дриан ќе го претставува претседателот на Република Франција.

Франција е вклучена во Берлинскиот процес од неговиот почеток во 2014 година и беше домаќин на самитот во 2016.

– Политичкиот дијалог воспоставен во оваа прилика меѓу земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан, како и конкретните проекти кои имаа за цел да се забрзаат економските размени, да се даде поддршка на младите и да се решат билатералните спорови, придонесоа за одржлива стабилизација, за економски и социјален развој и за приближување кон Европа на овој регион, ќе посочи, меѓу другото, францускиот министер за Европа и за надворешни работи.

Тој повторно ќе ја искаже поддршката на Франција кон помирувањето меѓу земјите и народите од Западен Балкан, особено преку Младинската канцеларија за регионална соработка (РИКО), создадена според моделот на Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), се наведува во изјвата на портпаролката Фон Дер Мил.

francijagrcijalondon

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:15

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он02/03/2026 - 18:01

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 22:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен