А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Франција подготвена да го повлече ембаргото за Скопје и Тирана, но со преуредување на постапките

by А1он10/01/2020 - 20:0011/01/2020 - 08:20654
Share0

Франција сака постапките спрема новите членки на ЕУ прво да се „преуредат“, пред ЕУ да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, пишува денеска француски „Монд“, додавајќи дека Франција под тој услов е подготвена да го повлече ембаргото за почеток на преговорите со Скопје и  соТирана.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Монд“ пишува дека тоа посредно го потврдил и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска во Загреб, велејќи дека „ако се постигне договор за модернизација на постапката за проширување, верува дека е можен напредок“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата му стави до знаење на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз дека „Франција е подготвена за поместување, ако се промени методот на преговори“, пренесува „Монд“ изјава на официјално лице блиско до Макрон.

Макрон, исто така изјавил дека унијата сака да биде успешна средбата на челниците од Западен Балкан во мај во Загреб. Весникот потсетува дека Франција кон крајот на минатата година предочила дека постапката на проширување мора да се смени во седум „опипливи, постепени и силни етапи“.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Монд“ наведува објаснување на француски дипломатски извори дека преговорите какви што се сега можат да траат со години, а земјите-кандидатки за тоа време фактички да останат надвор од ЕУ, што, како сега во Србија, може да донесе до губиток на волјата кај жителите и за самата замисла за Европската Унија.

Затоа е подобро да се развие постапка која постепено ќе ги подготви тие земји кандидати и ќе ги усогласи со правилата на Унијата.

Француски високи претставници за весникот заклучуваат дека „за нас не е работата во тоа безусловно да се противат, туку да се мисли на реформите“. Тие нагласуват дека пред самитот на ЕУ – Западен Балкан „може да дојде до поволни резултати, под услов во таа цел да се утврдат потполно јасни правила“.

emanuel makroneufrancija

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен: Франција е во длабока криза што ја загрозува демократијата

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 19:15

(ВИДЕО) Франција: Запален e Филозофскиот факултет, во пожарот уништени се покривот и фасадата

Горан Наумовски17/10/2026 - 19:1717/10/2026 - 20:30

(ВИДЕО) Повеќе од 32.000 луѓе протестираат низ Франција, демонстрантите се судрија со полицијата

Горан Наумовски17/10/2026 - 15:1817/10/2026 - 15:19

Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот

Горан Наумовски17/10/2026 - 15:0617/10/2026 - 15:22

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Горан Наумовски17/10/2026 - 08:05

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он16/10/2026 - 15:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео