Додека трае средбата помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници, во резиденцијата на ЕУ во Пржино пристигна и премиерот Никола Груевски.
Со него се министрите Зоран Ставрески, Никола Тодоров и Никола Поповски.
По средбата со Груевски ќе биде појасно дали ќе има заедничка лидерска средба. Претходно беше најавено дека еврокомесарот за доцните попладневни часови планира прес конференција на која ќе ги соопшти резултатите од денешниот напор за излез од политичката криза.