ФОТО: Топлото време и „Д Фест“ ги наполнија капацитетите во Дојран

Од:

Високите јулски температури и концертните настапи на третиот по ред летен фестивал „Д Фест“, што се одржува вечерва на паркиралиштето „Гранит“ на влезот во Стар Дојран, го преполнија Дојранското крајбрежје.

dojranLetoPlaza (8)

Покрај летувалци, викендов се најбројни младите, кои во друштво бараат легло повеќе низ приватните сместувачки капацитети, со цел да бидат дел од колективната забава на меѓународната концертна програма, која трае сè до изгрејсонце, а најавени се одбрани музички имиња и состави: Дубиоза колектив, холандскиот бенд Амаризи, реге-составот Конкеринг Лајонод Тетово и познати диџеи.

dojranLetoPlaza (2)

Од Туристичкото информативно биро велат дека дневно примаат и по 200 повици за резервација на легла, а не можат да ги задоволат сите барања одеднаш поради големата исполнетост на капацитетите.

dojranLetoPlaza (3)

Петте илјади легла во приватното сместување и уште 600 во комерцијалните објекти се исполнети за овој викенд, но остануваат на располагање дел од капацитетите во работничките одморалишта.

dojranLetoPlaza (7)

Како и да е, по викендот Дојран се подготвува за уште еден туристички налет во августовскиот бран на посетители, кој традиционално е најброен во текот на августовските празнични одбележувања.

dojranLetoPlaza (4)

Цените во сместувачките капацитети се исти како и минатото лето,од 250-350 денари, во зависност од категоризацијата на собите, 700 денари за легло во студио и 1.200-1.500 за ноќевање во апартманите.

dojranLetoPlaza (5)

Хотелското сместување е збогатено со пуштањето во употреба на новиот хотел „Романтик“,кој располага 100-ина легла, лоциран на брегот на ДојранскотоЕзеро, во реновираните простории на некогашниот хотел „Меркур“.

dojranLetoPlaza (6)

Ова е своевидна потврда за очекуваната богата туристичка посетеност на најјужното и најтопло македонско езеро.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски