Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случи вечерва околу 20:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“.
Од СВР Скопје велат дека автобус на ЈСП удрил во непознато машко лице кое починало на лице место. Починатиот маж, според првичните информации е на возраст од околу 65 години.
Полицијата на местото на несреќата извршува увид, по што ќе бидат познати деталите за истата. Идентитетот на починатиот маж засега не е познат.