Студентскиот Пленум на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје прогласи бојкот на наставата, со тоа што нема да има окупација и спиење на факултетот.
Тие ги повикуваат своите колеги наместо на предавања, да створат свои креативни часови.
Инаку, во моментов на Ректоратот почнаа преговорите на студентите и Владата каде се преговара за измените во законот за високо образование.