Откако општина Центар среде ноќ го отстрани споменикот на Андон Јанев-Ќосето од пред Врховниот суд, денес се остранува и постаментот на кој беше поставен.
Споменикот кој беше дивоградба, беше однесен во магацин на Металски завод-Тито.
Споменикот во 2014 беше дониран и поставен од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, a ќе биде заменет со дрво на кое ќе биде изградвирана плочка за човекови права донирана од збратимениот град Нинберг, најави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
К.Л.