Јавниот сервис продолжува со грешките и гафовите. Наместо садници, на сајтот стои „задници”, што и како грешка му дава поинаква смисла на тоа што сакало да се каже.
Со пет милиони нови задници, им се кажа стоп на катастрофите, пишува во насловот на официјалниот сајт на јавниот сервис МРТ.
Ако на другите медиуми и може да помине, ваква непрофесионалност е недозволива за МТВ, за која сите плаќаме и беа вложени многу пари за сајтот од кој се очекува професионалност без исклучок.