По повод 70 години од ослободувањето на Скопје, денеска, граѓански активисти на плоштадот Карпошово востание, во близина на Камениот мост поставија реплика на споменикот на паднатите скопјани во 1944. година. Овој споменик на жртвите на фашизмот исчезна кога почнаа да се градат објеките од проектот „Скопје 2014“.
Активистите ја поставија репликата на споменикот изработена од картон, во иста големина како и оригиналниот споменик, на истата локација, а на него пишува: „Каде е оригиналнот споменик?“.
Обезбедувањето на објектите од Скопје 2014, ги прашуваше активистите што е им е намерата и негодуваше на поставувањето, во обид да ги спречи. Но, тој сепак беше поставен.
-Со поставувањето на репликата на споменикот како симболички чин, прашуваме: Дали некој сака од меморијата на скопјани да го избрише поменот за нашите стрелани сограѓани? Или тоа само го потврдува неодоговорниот однос на надлежните власти кон антифашистичкото културно наследство? Каде е оргиналот и кој дозволил еден дел од колективната меморија, паметник за почит и извонредно уметничко дело да биде изгубено? Со оваа акција сакаме да ги повикаме на одговорност сите надлежни кои треба да се грижат за културното наследство и споменичните обележја, прашувајќи се зошто, под кои услови и со чија согласност овој важен споменик трајно исчезна од јавниот простор, бришејѓи ја историската и политичката меморија на еден град, вели Никола Наумовски, активист.
Активистите прашаа што се случи со ветувањето на градоначалникот Трајановски дека ќе се обнови ова спомен обележје и со најавата на градначалникот на Центар, Жерновски дека ќе поднесе кривична пријава за ова.
Граѓаните застануваа да видат што се случува, а повозрасна Скопјанка коментираше дека е оова е одлична работа зашто младите треба да знаат што се случувало, времето на антифашистичката борба треба да се рехабилитира, а не да се заборава.
Споменикот беше изработен во висок релјеф, во својата оригинална верзија постоеше до 2010 година, а исчезна во периодот меѓу 2010 и 2012 година. Стоеше во подножјето на Камениот мост и е урнат при изведувањето на градежните работи за спомениците на Филип втори и другите на плоштадот Карпошово востание. Во 2010 година Општина Центар го урна стариот постамент, на кој требаше да се постават оригиналните мермерни плочи со имињата на загинатите. По две години и овој нов бетонски постамент е урнисан.
Акцијата на поставувањето на споменикот беше дел од прошетката низ историските локации од 13 ноември 1944 година, меѓу кои споменикот на стреланите Скопјани, партизанската спомен-оружарница, споменикот на ослободителите на Скопје (Женска гимназија) и Учителската школа.
Прошетката беше збогатена со сеќавањата на живите ослободители од 12-тата Ударна бригада.
А.Б.