ФОТО: Полицијата пронајде еден куп оружје во Сарај

Од:

41 годишниот Ф.Н. од скопско Сарај, заработи кривична пријава и 30 дневен притвор поради нелегално изработување, држење и трговија со оружје, информира денеска МВР.

Полициски службеници дошле до податок дека во домот на пријавениот во скопски Сарај, има поголема количина на огнено оружје и муниција за кои тој не поседувал соодветна дозвола. Со оперативниот податок е запознаен Јавен обвинител, за потоа врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје да биде извршен претес во домот на Ф.Н.

Полицијата пронашла една автоматска пушка кал. 7,62 мм, четири рамки за автоматска пушка со 120 куршуми, 90 куршуми 7.62 мм пиштолска муниција, еден пиштол марка „Берета“, кој го поседува со дозвола и две рамки за истиот, 336 куршуми 9 мм, два звучно сигнални пиштоли „Екол“ и четири куршуми за истите, кои се одземени и предадени за криминалистичко техничка обработка, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство на оружје и муниција

Залужни: Русија најде противмерки за речиси целото западно оружје што го користи Украина