Неподвижно машко тело регистрираше екипата на А1он во близина на Македонската опера и балет.
До телото има инвалидско помагало.
Според портпаролот на МВР, во 12 часот и 25 имало дојава за пронајдено машко лице во бессознание, по што полициските екипи се упатиле да извршат увид. Од полицијата не коментираат ништо повеќе додека не заврши увидот.
Во меѓувреме пристигна и екипа на Брза помош.
Темјана Поповска