ВИДЕО: Запленета 300 килограми марихуана на граничниот премин со Грција

Од:

На 28-ми јануари на граничниот премин Богородица, царинските работници запленија 300 килограми марихуана пакувана во 75 фолии, информираше директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Робата ја пренесувал осомничениот Е.Б. со товарно моторно возило „Сканиа“ од Атина, Грција, до западните земји.

Според фактурата Е.Б. во камионот пренесувал 95 вреќи со ориз, што требале да стигнат до Холандија. Запленетата дрога се проценува на вредност од 800 илјади евра.

– Е.Б. е лишен од слобода и поднесена е кривична пријава за производство и пуштање во продажба на наркотици. Царинската управа и понатаму ќе работи на сузбивање на криминалот и криумчарњето на дрога, рече Танасоски.

Запленетата дрога во вредност од 800 илјади евра од Царина оди во надлежност на Агенцијата за управување со запленет имот.

– Агенцијата ја чува запленетата дрога се до завршување на судскиот процес, а потоа по наредба на надлежниот судија се решава што ќе се прави со неа, најчесто се оди на варијантата со уништување односно палење на запленетата стока, велат за А1он од Агенцијата за управување со одземен имот.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори. Обвинителството до Основниот суд Велес поднесе и предлог за определување оваа мерка, што беше прифатено од страна на судот, и определи притвор за осомничениот во времетраење од триесет дена.​

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Шкотска е престолнина на смртта во Европа седма година по ред – синтетичките дроги уништуваат сè

А1он

(ВИДЕО) Објавена е снимка од американскиот напад врз венецуелски брод кој превезува дрога, загинаа 11 лица

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он