ВИДЕО: Министерот Коѕијас се сретна со премиерот Заев

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас одржа средба со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

Претходно грчкиот министер за надворешни работи имаше тет-а-тет средба со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Коѕијас се заблагодари на повикот за средба со Заев за што кажа дека е од големо значење за процесот на решавање на спорот со името.

Покрај средбите со Заев и Димитров, Никос Коѕијас денеска ќе се сретне и со претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери, претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети каде ќе ги информира до каде е процесот за решавање на спорот за името.

Овие средби претставуваат генерални подготовки за средбата која ќе се случи на 30 март во Виена каде министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц. На средбата детално ќе се разговара за проблемот со името и се очекува медијаторот Нимиц од двата нацрт предлози на Македонија и Грција да состави еден кој ќе биде прифатлив за двете земји.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов