ФОТО: Медиумите го чекаат Груевски пред Шутка

Од:

Голем број новинари, сниматели и фоторепортери веќе неколку часа се пред затворот во Шуто Оризари и чекаат поранешниот премиер Никола Груевски да се пријави за отслужување на двегодишната затворска казна.

Неизвесно е дали Груевски ќе се појави вечерва, иако по решението на Кривичниот совет кој ја одби жалбата од адвокатите на екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, исцрпени се сите мерки за одложување на издржувањето на затворската казна.

Груевски се жалеше и до Врховниот суд поради пресудата за случајот „Тенк“, но решението од таму не се очекува во скоро време. Жалбата до Врховен не го одложува извршувањето на одлуката.

Груевски во судот треба да се појави во понеделник на рочиштето за случајот „Титаник“, и доколку не се пријави во затворот или не биде стражарно приведен, постои можност и тогаш да му биде врачено решението.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Случај Јилдиз Веапоска: Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите

Горан Наумовски

Полицијата го чува Саркози во затвор