Студентскиот пленум на својот фејсбук профил објави фото монтажи од спомениците од Скопје 2014 како држат индекси во знак на поддршка на студентите и нивната борба против губењето на автономијата на Универзитетот, екстерното оценување и другите мерки што ги предвидуваат измените во законот за високо образование.
Оваа фото кампања е насловена „Дури и спомениците од Скопје 2014 се на страната на вистината!“
Инаку, на Архитектонскиот факултет во Скопје во тек е Генералниот пленум на кој студентите ги сумираат своите ставови за идните чекори што треба да се преземат во одбрана на автономијата на Универзитетот и против лошите законски решенија.