На протестот против екстерното оценување, кој се одржуваше под мотото „Заедно да се избориме против екстерното тестирање!“, млади момчиња извадија знаме на СДСМ и парадираа со цел како што рекоа средношколците што протестираа да биде пренесена лажна порака на јавноста дека зад протестот стои опозицијата.
Како што тврдea средношколците се покажа дека двете момчиња се симптизери на ВМРО-ДПМНЕ. А1он дојде до фотографии на кои се сликани со знаме на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел за заштита на идентитетот нивните лица се замаглени.