(ФОТО) Димитриевски: Луѓе – НЕлуѓе, ја сквернават Спомен костурница

Од:

Максим Димитривски, претседавачот на Советот на општина Куманово, реагира на повторното сквернавење на Спомен костурницата.

Луѓе – НЕлуѓе, да такви се сторителите на повторното сквернавење и вандализам на Спомен костурница Куманово.

Во континуитет се повторуваат вандализмите, државата гради нови споменици а старите ги препушта на времето и неодговорните граѓани.

spomenkosturnica-2

Секоја година со заеднички акции се чисти, поединците повторно уништуваат и сквернават.
Што човек ли ќе беше тој кој што плука по сопствената историја, тој кој што не го почитува минатото нема ни сегашност ниту може да создаде иднина.

Власта која многу одамна се откажа од оваа “ничија земја”, нека покаже сенс и нека ни ја додели нам на граѓаните и општината, ние сами ќе ја реконструираме и одржуваме.

– Дали и овој пат надлежните ќе го премолчаат ова недело???

Би можело да ве интересира

Мајки нападнати од своите синови во кумановско

Кумановци петти ден се без вода за пиење, се чекаат резултатите од анализите

Катерина Ѓуровски

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски