ФОТО: Детска новогодишна програма на плоштадот Магнолија

Од:

Разиграно, распеано, весело, едукативно и забавно…Ваква беше атмосферата на Плоштадот Магнолија, каде најмладите имаа можност да проследат повеќе содржини од детската новогодишна програма, која за нив ја подготви општина Битола.

Програмата започна со настап на изведувачи од детскиот музички фестивал „Тра ла ла 2017“, по што следуваше детската театарска претстава „Новогодишна збрка“. Музичкиот дел продолжи и со детски песнички од детскиот фестивал „СИ-ДО 2017“, а тука беше и детската театарска претстава „Кловновите и Дедо Мраз“.

Додека програмските содржини го задржуваа вниманието на сите генерации, со публиката другаруваа новогодишни аниматори: принцези, кловнови и други омилени ликови од сказните.

Плоштадот Магнолија во Битола ова новогодишно пладне раскажуваше посебна новогодишна приказна, интересна, занимлива и пред се забавна на која покрај децата, подеднакво се радуваа и возрасните.

Би можело да ве интересира

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски