Долга колона демонстранти, незадоволни од владината одлука со која за хонорарите ќе се плаќаат придонеси во висина од 34%, движејќи се преку Рекорд и Министерството за труд и социјална политика, стигна пред Владата на РМ.
„Нема да ви плаќаме, вие ќе платите“, „Груевски зема пари од сиромашните за да се богати“, вака извикуваа и исвиркуваа незадоволните граѓани.
Еден од присутните рече дека се испразнети сите фондови, Здравството е уништено, но парите и од хонорарите нема да одат за подобрување на здравството, туку за фасадата на Владата.