Голем број студенти го следеа концертот на босанско-херцеговачкиот бенд Дубиоза колектив на платото пред Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.
Членовите на бендот на почетокот од концертот рекоа дека се во Скопје за да ги поддржат Студентскиот пленум и автономната студентска зона, потсетувајќи дека и во Сараево во минатата година студентите имале протести.