(ФОТО) Анима Мунди: Се трујат кучиња, децата се во опасност

Од:

Организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“ бара најстроги затворски казни и итно ограничување – контрола на слободната продажба на високо токсични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и со чија примена се изложува силно се загрозува и безбедноста на секој еден во Република Македонија.

7

„Информираме за низа страотни случаи на убиства на животните кои се игнорираат, а казни нема.

1

Вчера е расфрлан отров во училишниот двор во оу „Владо Тасевски“ за време на работна смена на учениците, при што е убиено кутре кое било миленик на децата – кутрето умирало во најтешки маки, а на децата не им било дозволено да излезат надвор од страв да не се затрујат. Отровот кој бил расфрлан бил со толку силно дејство што и со вдишување бил смртоносен.

2

За целата случка не информираа преплашени родители, од кои мајка стои на располагање да посведочи но анонимно, како би го заштитила идентитетот на своето дете.

6

На истата локација бил расфрлан отров и минатата недела , при што се убиени повеќе животни, од кои и Бентли, кучето миленик на Ана Г.

Bentli otruen

Ќе се превземе ли нешто за да се фати овој сторител, како и сите други кои убиваат животни? Ќе се стави крај на ова монструозно дивеење по улиците, парковите, тревниците преку конечно изрекување на казна затвор за лице кое злоупотребува отровни материии, врши кривично дело мачење на животни, предизвикува општа опасност?

3

За овој секојдневен национален проблем викендов во Охрид протестираше здружението за заштита на животни Анималија, но реакции од општината нема.“ се вели во реакцијата на Анима Мунди.

4

Доказ за овие тврдења на организацијата се изјави на родители и други граѓани, објавени на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов