(ФОТО) Анима Мунди: Хорор врз кучињата од Куманово, Кочани, Берово, Штип

Од:
Информираме за повторен случај на бруталност и усмртување на бездомните кучиња, овој пат кучиња од општините Куманово, Штип, Берово и Кочани, а за чиј третман е ангажирана, овластенa амбуланта „ Вет. амбуланта Тодор Велков“ од Куманово.
kuchinjastacionar (6)Информираме дека изминатите месеци добивме бројни апели за помош од граѓани жители на наведените градови кои ни се обратија да им помогнеме да ги спасат своите бездомни и неагресивни маалски кучиња. Кажано ни е дека кучињата се заловуваат и исчезнуваат, т.е. дека повеќе не се враќаат на територијата од која се заловени.
Набргу потоа се уверивме во вистинитоста на тврдењата на граѓаните за што ви ги приложуваме овие фотографии каде се гледа нехумано сместување на животните и противправно постапување со нив, вон сите стандарди кои се предвидени согласно Законот за заштита и благосостојба на животните и Правилникот за технички услови за стационари во Република Македонија. Фотографиите одлично говорат за очајот на кој се изложени животните.
kuchinjastacionar (2)Ова место е тешко достапно и оддалечено од населено место така што е обезбедена доволна дискреција да надлежните постапуваат онака како сакаат, а не како што наложува законот. Ова место е дувло во кое најгрубо се газат востановените законски правила, но уште погрубо се гази елементарната човечност. Кучињата се сместени на местото на војните магацини во село Четирце, кумановско.

Згора на ова што е видливо граѓаните сведочат дека по сите напори да ги спасат и извадат бездомните кучиња за кои се грижат, со цел да не бидат убиени, биле приморани да платат за секое извадено куче по 1150 денари.

Во прилог и еден коментар од лице кое било во стационарот:
kuchinjastacionar (3)
Кој може нека оди и нека спасува, ги има заловено од Кочани, Штип и Берово и сите имаат само една желба и поглед кој моли само за едно нешто – некој да ги извади од Кумановскиот Аушвиц! За секое што ќе биде извадено бараат по 1150 ден! По толку е платено за секое што успеавме да го извадиме! Голема благодарнот на XXXX кој ни позајми да ја спасиме kочанската Лешник зашто самите не беме во можност да платиме бидејќи немаме воопшто никакви донации ниту пак наши приватни средства зашто секојдневно имаме преголеми трошоци околу оние за кои се грижиме! Во прилог фото од Лешник ПРЕД и ПОТОА заловувањето! Работиме на нејзиното опоравување.”
Нема да дозволиме ова да продолжи или помине неказнето!
kuchinjastacionar (4)Бараме од надлежните институции, Агенција за храна и ветеринарство итно да постапат, го спречат понатамошното убивање на кучињата и го забранат работењето на ова ужасно место какво што не се гледа ни во најсиромашните и нецивилизирани средини, кое е срам за нашата држава. Бараме итно најстрого да се казнат општинските службеници и ветеринарите , поточно сите инволвирани страни во работењето на овој ужас кој никако не може да се нарече место на хуман третман на животните. Бараме најстрого да се казнат оние кои за извршување на јавна функција – стерилизација на бездомни кучиња за која се платени со буџетот на општините – но профитираат двојно земајќи дополнителни пари од граѓаните, кои во отсуство на друг излез плаќаат по 1150 денари за ослободување на својот маалски миленик!

Потврдуваме дека за третманот на животните ќе поднесеме пријави против сите одговорни и ќе ја информираме европската јавност и институциите на ЕП.
kuchinjastacionar (5)
Доколку состојбата не биде ургентно сменета најавуваме протест пред стационарот но и сите останати вмешани институции, почнувајќи од општините“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов