Градските власти во Струга ја поправија грешката кога за празникот 2. август не беше поставно ниту едно македонско знаме во градот.
Иако не по сите сообракајници, но на главните улици во Струга овој пат беа поставени македонски и албански знамиња по повод државниот празник 8. септември.
Знамиња имаше по улицата која води покрај езерото, улицата „Партизанска“ и улицата„ Владо Малевски“, но не и по струшката чаршија, која е најфрекфентна.