„Координативно тело на Форумот на слободоумни патриоти апелира до претседателот на СДСМ г-дин Зоран Заев веднаш да излезе во јавноста со најавените „бомби” за сторени инкриминирачки дејствија на високи функционери од власта и да престане и понатаму јавноста да ја држи како заложник. Селективното објавување на прислушувани разговори како и оддолговлекувањето да се објават клучните докази, а од друга страна се поголемата намерна конфузја која ја создаваат одредени медиуми околу овие прашања, секојдневно доведува до се поголема поделба на граѓаните како и се поголема загриженост за нашата безбедност и сигурност. Истовремено потсетуваме дека законска и морална обврска на секој граѓанин кој ќе добие податоци за извршено кривично дело има истите да ги процесуира до надлежните институции, како и безусловно и без оддолговлекување да ги информира своите сограѓани.
Со објавувањето на снимките од прислушуван новинар и во тоа време судија во Апелациониот суд и сопруга на тогаш актуелен министер за правда се потврдија забелешки на ЕУ за непостоење на независно судство. Форумот на слободоумни патриоти е згрозен од спрегата на новинари, судии и високи функционери на Република Македонија, како и од начинот на нивната на моменти дури и вулгарна комуникација. Загриженоста е уште поголема што истиот тој поранешен судија во овој момент е ангажиран во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. За Форумот е недозволиво лица кои се обиделе да влијаат, а можеби и во други случаи влијаеле на донесувањето на судски одлуки денес да бидат ангажирани кај првиот човек во државата како истакнати праввници во областа на правосудните работи. Кредибилноста на институцијата Претседател не дозволува ваквите луѓе да бидат ангажаирани на ваква високи позиции.
Исто така Форумот на слободумни патриоти најенергично го осудува обидот за притисок врз студентите, како оној на Техничкиот Факултет во Битола, со заканите за исклучување на парното греење. Форумот апелира до сите декани и Ректори да не ги спречуваат студентите во намерата на свој начин да го искажат незадоволство од состојбите во високото образование.
Демократија, слобода и вистина за граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти.