Фондот за иновации: Ќерката на Александрова не е вработена кај нас

Од:

По информациите дека ќерката на пратеничката Емилија Александрова била вработена во Фондот за иновации и технолошки развој, оттаму тврдат дека таа не е вработена кај нив и по ниту еден основ не прима финансиски надомест за услуги.

Од ФИТР за „Макфакс“ потенцираат дека во моментот во редовен работен однос се осум лица, од кои тројца работат на неопределено време, а во тек е постапката за вработување пет лица во Фондот во согласност со годишниот план за вработување за оваа година.

„Макфакс“ побара одговори и од пратеничката Емилија Александрова. Таа не сакаше да ги коментира информациите за вработувањето на ќерка си и истакна дека е разочарана од начинот на кој медиумите ги третираат децата на јавните личности.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска