Физички нападнат ученик од струшкото средно улилиште „Нико Нестор“

Од:

Неколку млади лица вчера во Струга нападнале нивни соученик од Средното општинско училиште „Нико Нестор“.

Според портаполот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, нарушувањето на јавниот ред и мир се случило вчера по завршувањето на хуманитарен фудбалски натпревар што се одржувал во училиштето, а во кој нападнатиот бил судија.

– Нарушувањето на јавниот ред и мир се случило надвор од дворот на училиштето, на улицата „Пролетерски бригади“, непосредно пред една сендвичарница. Неколку млади лица нападнале нивни соученик  бидејќи биле незадоволни од  начинот на којшто тој судел за време на натпреварот. Револтирани започнале да го удираат со клоци и тупаници по нозете, вели Димоски.

Според него, полицијата успеала да пристигне на време и да спречи поголем инцидент.

– Учесниците во овој инцидент се повикани на разговор во полициската станица во Струга и против нив  ќе следува соодветна пријава, додава Димоски.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски