Фирмата на Сеад Кочан повторно доби тендер од ЕЛЕМ

Од:

Компанијата на Сеад Кочан „Транс мет“ чија сметка е блокирана, повторно доби тендер од AД Електрани на Македонија, покажа набавката објавена на Електронскиот систем за јавни набавки, објави Макфакс.

Според набавката, оваа компанија добила тендер во вредност од 9.440.000 денари за услуга за градежна механизација. Проценетата вредност без ДДВ е 319 илјади денари.

Доделувањето на тендерот доаѓа по двомесечнотo бегство на Кочан откако претходно му беше доделен притвор заради тоа што е осомничен во случајот „Труст“ на СЈО и тоа поради проневера на пари на доделен тендер на неговата фирма „Транс мет“ во вредност од 17 милиони евра. Датумот на договорот е од трети април, а е објавен вчера.

Според СЈО, злоупотребите биле сторени во тендерската документација за ископ и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“, Битола. Три физички и три правни лица се осомничени во случајот „Труст“ кои според СЈО го добиле тендерот со фалсификувани документи. Првоосомничен во случајот е управител на Трансмет, второосомничен е управител на Силекс неметали СТ од Кратово, а третоосомничен е управител на Вато Доо Студеничани Скопје.

Би можело да ве интересира

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Министерството за правда одлучи оваа година да не предложи листа за новогодишни помилувања

А1он

„Идризово“ бара казната на Сеад Кочан да се намали за шест месеци, Маричиќ размислува пред да го прати предлогот до Пендаровски

Кристијан Ландов

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Алфите го однесоа Кочан во Идризово

Васко Маглешов