Финале за повикот „Предизвик за млади истражувачи“

Од:

Финале за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“, ќе се одржи денеска и утре, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Министерство за образование и наука.

Учениците од основните и средните училишта во Македонија кои го поминаа процесот на предселекција ќе имаат можност за јавна презентација на истражувачките проекти од областа на природните и техничките науки.

Седумчлена комисија од стручни лица од различни релевантни институции во областа на образованието беше вклучена во целиот процес и ќе избира по однос на усните презентации.

Комисијата е составена од претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, Министерство за образование и наука,Факултет за електротехника и информациски технологии, Технолошко-металуршки факултет, Сојузот на здруженија на млади истражувачи на Македонија – Наука за млади и Бирото за развој на образование при МОН.

На првиот ден од финалето е најавено обраќање на Јован Деспотовски, директор на ФИТР и Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Повикот „Предизвик за млади истражувачи“ беше отворен на 31 ноември минатата година и траеше до 15 февруари годинава.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите