Филмска сцена и престрелка во Маџари, полицајци бркале крадци на автомобил

Од:

Вистинска филмска сцена се случила вчера во скопската населба Маџари – полицајци бркале крадци на автомобил кои среде потера го оставиле и бегале пеш, а притоа имало и престрелка, соопшти МВР.

Вчера во 8 часот во Полициската станица Гази Баба, 51-годишен жител на Скопје пријавил дека претходната вечер на улицата „Среќко Пужалка“ било украдено неговото патничко возило „Форд Фиеста“, се вели во полициското соопштение.

„Истиот ден, на улица „Маџари“, полициски службеници го забележале возилото и почнале да го следат, а по кратко време лицата кои се превезувале го оставиле возилото и се дале во бегство,“ велат од МВР.

Крадците не застанале на предупредувањето, а пред да избегаат, еден од осомничените испукал куршум кон полицајците, но не ги погодил. Притоа, и еден од двајцата полицајци испукал еден куршум во воздух.

Возилото било вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски