Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја покрива неспособноста со гола пропаганда

Од:

Во изминатите 15 месеци, граѓаните на своја кожа ја почувствуваа неспособноста на оваа власт, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во општина Гази Баба.

„Стандардот паѓа, секојдневно се случуваат скандали, институциите не функционираат, заробени се во партизација и непотизам. А цената за тоа ја плаќаат граѓаните“, рече Филипче.

Тој додаде секој ден изминатите 15 месеци се случува некој скандал за кој директно одговорна е Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

„Последниот скандал со МНАВ е само уште едно камче во морето хаос и неспособност кој го гледаме. Секој ден има нов скандал, пожари, еколошки катастрофи, опасност од чад кој ги руе граѓаните. А власта молчи, не презема ништо и ги остави граѓаните без информации и без мерки, сами на себе“, изјави Филипче.

Како што кажа Филипче, граѓаните наместо реални мерки за подобар живот, наместо институции во функција на потребите на граѓаните и политики за напредок на државата, се сведоци на лажни ПР кампањи и манипулации.

„Тоа е секојдневието на македонските граѓани, институции кои не реагираат, на лаги и манипулации што се покриваат со гол ПР, додека реалните проблеми остануваат нерешени. Сите изборни ветувања на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како една голема лага“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот