Филипче вели дека сите скопјани над 40 години добиле термин за вакцинација, дел граѓани тврдат: Не е точно!

Од:

Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30 април годинава изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Од Министерството за здравство велат дека во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на веб-страницата за вакцинација.

Од вчера, пак, почнала вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација.

„Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk“, стои во објавата на Министерството за здравство.

И покрај ова, бројни се реакциите на граѓаните кои имаат над 40 години, кои одамна се пријавиле на веб-страницата за вакцинација, а се уште немаат добиено термин.

„Деновиве се чувствувам како да трчам маратон во место. Целна линија – вакцинален пункт!“, пишува жител на Скопје кој се уште чека термин за вакцинација.

Во последниве два дена, за време на викендот, на голем број граѓани им пристигнаа СМС пораки за термини за вакцинација, но неизвесно е на кој начин се испраќаат пораките бидејќи, на пример, 40-годишни добиваат термини побрзо, а постари лица од 50 години се уште чекаат.

„Постојано гледаме во телефоните за да ни стигне порака, но нема, а пријавени сме на сајтот пред еден месец. Јас имам 48 години, а сопругот 50, и двајцата сме хронично болни“, пишува жителка од Скопје во групата за совети и искуства за Ковид-19.

„Господине Филипче, јас сум на возраст од 68 години од Скопје, на vakcinacija.mk се пријавив при крајот на февруари и немам добиено никаква порака за термин. Поради тоа пред една недела се пријавив и преку Мој термин кај матичниот лекат, но до денес немам известување“, реагира друга жителка од Скопје.

Дополнително, на Фејсбук групата за размена на искуства за Ковид-19, голем број граѓани изјавуваат дека им стигнала порака со термин за вакцинација, но на друго име, и иако не биле пријавени, па ги бараат вистинските лица за кои била наменета порака, со цел да не го испуштат терминот за вакцинација. Сепак, ова е донекаде невозможно, со оглед на тоа што на СМС-пораката со термин за вакцинација, не го пишува целото име и презиме, туку само името и првата буква од презимето.

До вчера, на веб-страницата за вакцинација беа пријавени 346.341 граѓани. Вакцинирани со две дози се 26.415 граѓани, а вкупно аплицирани дози има 203.324.

Во моментов, на располагање во државата се кинеската вакцина „Синофарм“, американската „Фајзер/Бионтек“ и британската „АстраЗенека“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднела 200 амандмани на буџетот за 2025 за кој вели дека е нереален и генератор на нови долгови

Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп